еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Во Тетово стапуваат на сила мерките против загадување на воздухот

Мерките во случај на надминат праг на алармирање стапуваат на сила во Тетово, каде што е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во текот на два последователни денови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

„Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот,“ стои во соопштението од МЖСПП.

Во соопштението се додава дека од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

„Согласно заклучоците од записникот од 40- та седница на Владата одржана на 28.11.2017 година, за град Тетово стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање,“ се наведува во соопштението од МЖСПП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите ќе умреме“: Твитер реакции за загадувањето на воздухот во Скопје

Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Алармантно: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов

Редакција

„Скопски пазар“ повторно ја „стресе“ берзата: Продаден блок акции за 572.000 евра

Редакција

Убава вест: Оздравени од коронавирусот уште 44 пациенти, вкупно 1.057

Редакција