еМагазин
Image default
Бизнис

Во третиот квартал раст од 5,5% на прометот од продажба на услуги

Прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2021 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2020 година за 5,5%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување се јавува во повеќето оддели, а најмногу во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив, во кој изнесува 195,5 проценти.

Во одделот Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) зголемувањето е 51,1  процент, а во одделот Објекти за сместување 35,9 проценти.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. мај на сила новиот Правилник: Нема веќе плаќате месо – добивате вода

Редакција

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македонија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Редакција

Јован Деспотовски нов директор на ТИРЗ, Самка Ибраимовски заменик директор на „Македонија пат”

Редакција