Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано нови пет случаи на болни од Ковид-19. Според Институтот за јавно здравје, во Велес и велешко моментално се активни 38 пациенти.
Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, во изминатото деноноќие од Инфективното одделение при велешката Општа болница испишани како оздравени со два негативни теста биле двајца пациенти.
Таа информира дека од петте новозаболени тројца се пациенти кои биле на оваа одделение и чекале резултати од тест.
– Моментално на Инфективното одделение на лекување се 11 пациенти, сите позитивни на Ковид-19, информира д-р Неделковска Николова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа 5 лица од Ковид-19, двајца од Гостивар, по едно од Крива Паланка, Неготино и Скопје
Нови 127 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Убава вест: 60 оздравени пациенти од Ковид-19
МИА/Фото: Општина Велес