еМагазин
Image default
Локално

Во велешко активни неколку шумски пожари

Уште еден шумски пожар над месноста викана „Неделна вода“ во Велес изби утрово во 9:30 часот, каде гори нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето се вклучени екипи од ШС „Бабуна“ и Територијалната Противпожарна Единица од Велес.

Од ТППЕ Велес информираат дека се уште гори нискостеблестата дабова шума и над Манастирот кај село Оморани што избувна вчера попладне, а во гаснењето се вклучени екипи од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес.

Пожар има и во реонот на велешките села Џидимирци и Иванковци, а зафатена е и површина од скопска страна поради што, освен велешки, вклучени се и пожарникари од ТППЕ од Скопје како и вработени од ЈП „Македонски шуми“ од Скопје.

Екипи на ШС „Бабуна“ од Велес работат на целосно газнење на пожарот кај село Каласлари во кој гореше квалитетна борова шума.

„Пожарот избувна во петокот, а беше локализиран вчера напладне со екипа на ТППЕ од Велес, но нашите екипи од ШС „Бабуна“ од Велес вчера, ноќеска и денеска се уште се на терен и работат на негово целосно ликвидирање“, информира Љубинка Попова, директор на ШС „Бабуна“ од Велес.

Во овој голем шумски пожар изгореа околу 50 хектари квалитетна борова шума, а во негово гаснење беа вклучени и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дива лига“ на скопските улици: Откриени 53 возачи без положен испит и 65 нерегистрирани возила

Редакција

Каменувани два штаба на СДСМ во Куманово

Редакција

Скопјанка која се водеше како исчезната најдена почината во близина на манастир во Пинтија

Редакција