еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во Владата денеска координативен состанок за одлуката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

Во Владата попладнево ќе се одржи координативен состанок околу замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот. Состанокот е свикан на барање на премиерот, а на него покрај министерот за економија ќе присуствуваат и директорите на Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финансиската полиција.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференцијата во Владата ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на средбата затоа што, како што нагласи, во земјава до крај ќе се почитуваат законите.

– Одлуката почна да се применува вчера за што како Министерство за економија мислиме дека има многу аномалии. Им се заблагодарувам на ланецот супермаркети и на повеќето од пиларите и ги повикам увозниците на овошје и зеленчук да дојдат на средба заради тоа што во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите почнувајќи од Царинската управа, Управата за јавни приходи, фактурите кои ги имаат дадено на царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина.

Откако ќе заврши координативниот состанок и ќе ги имаме сите информации, јас ќе ги доставам пред надлежните институциии, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан зошто се повлекува гравот и леќата од рафтовите во малопродажба, Бектеши рече дека она што е влезено како производ во земјава, мора да излезе во продажба.

–  Таква пракса имаме. Има голема разлика од увозните цени до 28 март и од 28 март до денес затоа да се замислат добро и увозниците и надлежните институции, рече Бектеши.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струјата ќе поевтини: Изгласани законските измени за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто

Редакција

Помали плати за вработените во јавниот и приватниот сектор, кои ќе одат на боледување поради Ковид-19

Редакција

Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да аплицираат до крајот на февруари

Редакција