еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски за барањето на Бугарија: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање на Македонија

Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата посветена на годишниот извештај на работата на АД ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милков бара и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени

-За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата изјава. Тоа е дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, што е обврска поврзана и со пристапните преговори со ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека станува збор на одлука, која е исклучиво во надлежност на Министерството за правда, на политичките партии и на Собранието.

-Не постои ниту можност, ниту политичка волја, ниту начин кој било друг однадвор да биде вклучен во овој процес, истакна Ковачевски.

Во однос на изјавата на бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков за вклучување на Бугарија во процесот, Ковачевски рече дека можеби таа изјава не е дадена во вистински контекст.

-Меѓутоа сите заинтересирани страни ќе можат да го следат тој процес преку медиумите, бидејќи и медиумите ќе бидат вклучени во самиот процес, кој како што кажав ќе започне во стручната комисија во Министерството за правда, во која што ќе бидат повикани експерти, додаде Ковачевски.

Премиерот потсети дека веќе и политичките партии се повикани да делегираат свои претставници и потоа ќе се оди на расправа пред нивните организации, бизнис заедницата, медиумите и преку вас ќе може сите да се информираат. Уште еднаш потенцира дека одлучувањето е исклучиво во надлежност на институции на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни окупатори не упатуваат такви барања, вели Пендаровски за желбата на Бугарија да биде дел од процесот за уставни измени

Најчевска за барањето на Бугарија да биде дел од процесот за уставните измени: Поголем доказ за територијални претензии кон Македонија нема

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум пациенти со коронавирус со потешка клиничка слика

Редакција

(Видео) Путин четири часа одговараше на 1.700 новинари: Еден ден ќе морам да се женам

Редакција

Доктор Пановски: Ковид-19 траеше како и другите пандемии, во Македонија веќе е ендемија – треба анализа на смртноста

Силвана Жежова