еМагазин
Image default
Македонија

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, дрога…

Во координирана акција организирана од Управата за извршување на санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда.

Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот.

– При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, пет ножеви, пет штрафцигери и 23.500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и ќеси со прихотропни супстанции и недозволени материи, се вели во соопштението од МП.

Акцијата во КПД Штип, како што информираат, е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период.

– Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трошоците за враќање на загинатите во несреќата во Бугарија ќе ги покрие државата

Редакција

Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните

Редакција

„Свири крај“: Граѓаните во Скопје спасија над 111 милиони денари од уништување

Редакција