еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Во женското одделение во Идризово се одржа концерт и се читаше поезија

Во женското одделение на КПУ „Идризово“ се одржа културно-уметнички настан. На него настапија неколку осуденички кои јавно читаа нивни авторски песни како и песни од македонски поети.

Како специјална надворешна поддршка присуствуваше композиторот и поп-пејач Иле Спасев, кој испеа неколку негови авторски песни и други македонски поп хитови.

Настанот е организиран од КПУ „Идризово“ и е дел од процесот на ресоцијализација на осудените лица, кој треба да им помогне да ја вратат довербата во институциите и активно да се вклучат во просоцијалниот живот.

Најавен е како продолжение на хип хоп настанот (Тони Зен, ПУКА Козметика, Огнен Битбокс, Фатос Бомба) кој неколку месеци претходно беше одржан во машкиот затворен дел установата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младиот Дамјан Марковски од Скопје пешки стигна во Црна Гора, за да се заблагодари на Св. Василие Острошки

Редакција

Европскиот центар за контрола и превенција на болести успешно ја оцени лабораторијата при ИЈЗ за детекција на Ковид-19

Редакција

Британската амбасадорка Галовеј во официјална посета на „Алкалоид“

Редакција