еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Волстрит журнал: Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас

Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина, објави Волстрит журнал.

Според авторот на написот Даниел Јергин, растот на производството на нафта и гас во САД се претворил во геополитички и економски актив за земјата, што може да ги измести руските конкуренти од европскиот пазар.

– Додека индустријата за нафта и гас продолжува да закрепнува од пандемискиот колапс на цените во пролетта 2020 година, САД повторно се најголемиот светски производител на нафта – скоро 20% над своите два конкуренти – Саудиска Арабија и Русија – и најголемиот светски производител на природен гас, вели Јергин.

Успехот на американската нафтена индустрија авторот директно го поврзува со ескалацијата на кризата во Украина.

– Денес нема сомнеж за геополитичкото значење на новата позиција на Америка во областа на нафтата и гасот. Кризата во Украина и енергетската криза во Европа го обликуваат глобалното влијание на американското производство на нафта и гас, пишува Јергин.

Претходно во телефонски разговор британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден изјавија дека е неопходно да се намали зависноста на европските земји од рускиот гас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбр Адеми, претставник на ДУИ во работната група за уставни измени

Редакција

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објави снимки со пациенти на „Tик-Tок“

Редакција

Времето денеска сончево и топло, наредните денови дождови

Редакција