еМагазин
Image default
Локално

Возач „летал“ со 182 километри на час во близина на Дебреше

Сообраќајци фатиле на радар автомобил чиј возач возел со брзина од 182 километри на час по автопатот „Мајка Тереза“ во близина на натпатникот за гостиварското село Дебреше.

На овој дел од сообраќајницата, максималната дозволена брзина е 80 км на час, со што возачот ја надминал за 102 км/ч.

Голфот со скопски регистерски ознаки бил запрен, а на возачот му била напишана глоба од 400 евра. За прекршокот, времено му е одземена и возачката дозвола.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден спровеле акциска контрола за пречекорување на брзина.

– Вчера (3 март) од 9 до 14 часот, на поширокото гостиварско подрачје, односно на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Дебрешки натпатник, спроведена е локална акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место.

Откриени и законски санкционирани биле вкупно 30 прекршоци. Шест од прекршоците биле пречекорувања на брзината за повеќе од 70 километри на час, а 24 пречекорувања биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 други видови прекршоци, навдуваат од СВР Тетово.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената од станот во „Скопјанка“ не е социјален случај, има и ќерка

Редакција

Пожар во бутик во Скопје

Редакција

Ограбено казино на „Партизанска“

Редакција