еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

21 илјада дози вакцини од Фајзер на крајот на март, најави Заев

Првите вакцини од Фајзер стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата. Преку сите постојни механизми, направено е се што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини.

Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недостатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно, имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини.

Ние ако ги броите 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот, 400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согасно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони.

Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цел да преземе се што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање.

Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на Министерството за здравство, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на Ковид – 19.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Северина настапи во ABC by Mosh: 70 концерти во 70 општини за 70 години постоење на „Пелистерка“

Редакција

Наставник заразен од Ковид-19 изолира колега и 22 ученици во Кавадарци

Редакција

Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Редакција