еМагазин
Македонија

Возачите да внимаваат, опасност од голомразица на патиштата

Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Појава на магла ја намали до 50 метри видливоста во Тетово, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП „Македонија пат.“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Германија донира 20 возила и 351 пар чизми на МВР

Редакција

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Редакција