еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачки видеа) Во Газа за 4 недели убиени повеќе цивили отколку во Украина за 1,5 година

Продолжува да расте бројот на загинати во Појасот Газа, претежно цивили.

Според вчерашните податоци на локалното Министерство за здравство од нападите на Израел кои траат неполни четири недели, загинале најмалку 9.227 лица, вклучувајќи и помала бројка (над 100) од другата палестинска територија – Западен Брег..

Досега се убиени најмалку 3.826 деца и 2.405 жени, а 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледаат тунелите на Хамас кои се клучни во војната со Израел

(Вознемирувачки видеа) Бројот на убиени деца во Газа за неколку пати поголем од тој во Украина

Нема прецизни податоци за тоа колку борци од милитантната група Хамас се убиени досега, како и борци на други милтантни групи. Проценките се дека се убиени неколку илјади милитанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Нови снимки од борбите помеѓу Хамас и Израел

Вознемирувачки видеа од борбите помеѓу Израел и Хамас

Според податоци на Обединетите нации од крајот на август во војната во Украина, која трае повеќе од година ипол, пак се убиени 9.500 цивили.

Повредени се над 17.000 лица.

Шест милиони Украинци ја напуштија земјата, а пет милиони се внатрешно раселени.

Над 1 милион Палестинци исто така беа принудени од страна на Израел да ги напуштат своите домови.

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило виси на карпа на Галичица, патниците се неповредени

Редакција

Ако Боки 13 трошел „чисти пари“, каде се тогаш парите од рекетирањето?

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во ноември

Редакција