еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Брутално претепан граѓанин во центарот на Струмица

Околу пладне денеска во центарот на градот се случила тепачка во која учествувале повеќе лица.

Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции, но засега нема повеќе детали.

ОД СВР Струмица информираат дека настанот бил пријавен во полицијата околу 12:00 часот од граѓани.

Оттаму посочуваат дека Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Видеото од немилиот настан го објави strumicaonline кои добиле и порака од нападнатиот граѓанин.

МИА/еМагазин/фото/видео: strumicaonline

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено телото на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Редакција

Убава вест: 321 оздравени пациенти, од Скопје 189

Редакција

Од Ковид-19 починале 14 лица, од нив тројца на 42-годишна возраст

Редакција