еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Талибанците влегоа во Кабул и тврдат дека цел Авганистан е под нивна контрола, претседателот избега

Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи.

Раководството на талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја.

Тројца авганистански службеници за американски медиуми изјавија дека талибанците влегле во предградие на Кабул.

Факти за градот и претходните напади

Населението од пет милиони луѓе во Кабул е зголемено, илјадници бегаат во него од други делови на државата. Илјадници војници од САД и Велика Британија се на пат за да го обезбедат аеродромот и нивните амбасади, додека странските мисии евакуираат персонал.

Авганистанската армија вети дека ќе го брани главниот град.

Кабул зафаќа површина од околу 1.000 квадратни километри и е опкружен со планини. Постојат четири главни патишта во градот: од Мајдан Шахр на југозапад, Пул-е-Алам на југ, Суроби на исток и Баграм на север.

Талибанците вчера го зазедоа Пул-е-Алам без голем отпор. Талибанците велат дека се блиску до заземање на Мајдан Шар. Тие веќе го зазедоа Газни, по патот од Мајдан Шахр и имаат силно присуство во околните области.

Талибанците денеска речиси без борба го зазедоа источниот град Џалалабад. Главниот автопат од таму до Кабул минува низ Суроби.

Напади од минатото врз Кабул

Во 1996 година, талибанците го освоија Кабул од Муџахедин сојузот со напад преку Суроби. По победата во битката кај Суроби, талибанците маршираа во Кабул.

Во 2001 година, силите поддржани од САД повторно го зазедоа Кабул со напад од север, влегувајќи во градот преку Баграм, откако во голем број воздушни напади загинаа стотици талибански борци, кои формираа одбранбен прстен.

Воздушната база Баграм, 64 километри северно од Кабул, е најзначајниот воен имот на земјата и беше седиште на американската војска за време на 20-годишната војна, пред да ја напуштат пред само еден месец. Базата сега е во рацете на авганистанската војска.

Талибанците немаат воздушна сила и користат артилерија и ракети проследени со копнени напади додека заземаа неколку градови и провинциски главни градови во последните недели. Некои области паднаа без борба, бидејќи провинциските лидери се обидоа да избегнат крвопролевање и се предадоа.

Крвава битка за Кабул може да се избегне доколку се постигне политичко решение меѓу владата и талибанците.

Бунтовниците инсистираа дека нема да преговараат со влада предводена од претседателот Ашраф Гани.

Талибанците тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила

Талибанците тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми.

„Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјава за американски медиуми бунтовниците откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.

Владини службеници во паника кога ги напуштаат своите канцеларии, американски хеликоптери почнаа да слетуваат во областа на американската амбасада, додека талибанците го затегнаа обрачот околу главниот град, ја опишуваат ситуацијата дописници на локални медиуми.

На талибанците им е наредено да останат пред портите на Кабул и да не влегуваат во градот, изјави нивниот портпарол Забиула Муџахид, додека жители на едно од предградијата на главниот град за тврдат дека таму има вооружени талибанци, но дека не се водат борби.

Талибанците објавија дека цел Авганистан е под нивна контрола

Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на ТВ Ал-Арабија.

Во изјавата на талибанците што ја пренесе таа телевизија се наведува дека нема борби во главниот град Кабул. Талибанска делегација преговара во претседателската палата во Кабул, каде денеска се очекува официјално предавање на власта, се наведува во извештајот на ТВ Ал-Арабија.

Ашраф Гани го напушти Авганистан

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан Гани заминал кон Таџикистан.

Естонија и Норвешка денска побараа итна седница на 15-члениот Совет за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан.

Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во Авганистан

Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата, јави телевизијата Ал Арабија.

Според дипломатски извори, поранешниот министер за внатрешни работи е „избран за премиер на преодната влада“ и презел функција на шеф на преоданата админстрација“.

Шефот на авганистанскиот Висок совет за национално помирување, Абдула Абдула дејствува како посредник во преговорите меѓу претставници на талибанците и на властите во Кабул.

МИА/Фото/видео: CNN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Во времето на Тито се живееше многу подобро отколку денеска“: Титовистите од Кочани го одбележаа Денот на младоста

Редакција

(Галерија) Xiaomi отвори ексклузивна продавница во ГТЦ: Рекордни 400 посетители, најголем број во регионот

Силвана Жежова

Вучиќ на Фон дер Лајен ѝ рече дека се чувствува како „црна овца“: Вклучете го Западен Балкан во плановите на ЕУ

Редакција