еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

60-годишник од Скопје почина од сезонски грип

Редакција

Како пензиониран доктор од Теарце му го спаси животот на лице кое паднало од бандера

Редакција

Татко ѝ на Калина на промоцијата на книгата праша: Зошто на Кајмакчалан некој ја пуштил гласината за наводно исчезнати мајка и дете

Силвана Жежова