еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), информираат од Организациски одбор на Скопје Прајд.

“Рутата на Прајдот, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително споделени со јавноста во текот на идната недела.

Оваа година Парадата на гордоста повторно се враќа на улиците, во физичкиот јавен простор. После првата, успешно и беспрекорно спроведена парада во 2019 година, пандемијата нѐ принуди сите минатогодишни настани за одбележување на Месецот на гордоста да ги одржиме онлајн.

Неизвесноста во која нѐ втурна пандемијата е сѐ уште присутна, но среќни сме што состојбата се стабилизира и што оваа година имаме шанса повторно гордо да зачекориме по скопските улици.

Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“.

ЛГБТИ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори.

Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот „Вон ѕидовите!“ го посветуваме на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас.

Конечно, слоганот „Вон ѕидовите!“ го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме и чие надминување стана заедничка цел и желба.

Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта. Во овие тешки и комплицирани времиња, потребно е, повеќе од кога било, да ги реафирмираме стремежите кон посолидарно, похумано и поправедно општество.

Воедно, парадата испраќа порака дека место под сонцето има за секого; таа е и протест и прослава, и болка и радост, и врисок и мелодија. Да останеме свои и да ги поддржиме оние кои тоа засега не го можат“, велат од Организациски одбор на Скопје Прајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Софија се одржа ЛГБТ парада, настапи и Васил Гарванлиев

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе стане ли Беса единствената партија на Албанците во опозиција, се поизвесно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

Ќе се затвори ли бугарското здружение „Ванчо Михајлов“, утре истекува рокот да се се изјасни владината Комисија

Редакција

Еден клинички центар без економски директори, најави министерот Меџити

Редакција