еМагазин
Image default
Македонија

За децата нема да се бара ПЦР-тест за влез и излез од Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче за телевизијата Сител изјави дека децата ќе бидат ослободени од приложување доказ за вакцина, прележан Ковид-19 или негативен ПЦР тест.

“На секое влегување и излегување од земјата како услов за нашите и странски граѓани ќе биде потребно да приложат доказ дека се вакцинирани или ПЦР тест не постар од 72 часа или доказ дека ја прележале болеста, односно 45 дена. Мерката не важи за децата, ќе бидат ослободени, потврдата за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани.

ПЦР тестот ќе важи 72 часа, а во одност на сертификатот за прележана болест како што е критериумот 45 дена. ПЦР тест ќе се бара за излез од државата, бидејќи со тоа ќе покажеме дека водиме сметка и за останатите земји“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новите мерки за влез и излез во Македонија ќе почнат да важат за една недела или десетина дена

За влез и за излез од Македонија ќе ви треба ПЦР тест, вакцинален сертификат или доказ за прележан Ковид

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Прилеп петмина новозаболени од корона вирусот

Редакција

Таравари заплашува со радикализација на Албанците, ако Бугарите не влезат во Уставот

Редакција

Модуларната болница во Тетово изградена согласно сите предвидени процедури и стандарди, велат од Министерство за здравство

Редакција