еМагазин
Image default
Македонија

За Германија е незамисливо за Албанија да каже да, а Македонија да ја остави, вели за СП германската амбасадорка

За Германија е незамисливо само за Албанија да даде зелено светло за преговори со ЕУ, а за Северна Македонија не, вели германската амбасадорка Анке Холштајн за „Слободен печат“.

– За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност.

За Германија не е замисливо само за Албанија да даде зелено светло, а Северна Македонија да ја остави.

Северна Македонија веќе одамна ги исполни сите услови за започнување на пристапните преговори, нејзниот почеток е заслужен и одамна задоцнет. Ова е исто така во интерес на веродостојноста на процесот на проширување и на веродостојноста на ЕУ во регионот, вели Холштајн за „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји

Кој е Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, кој најавува можно разделување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Раздвојување на Македонија и Албанија можно сценарио, потврдуваат од Европската Комисија

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Јанева ќе сведочат седум обвинители од СЈО, тројца од нив тајно

Редакција

ЗНМ и СЕММ: Нема простор за сензации во медиумите кога има лични трагедии

Редакција

Москва: Русија не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон

Редакција