еМагазин
Image default
Македонија

За првиот македонски амбасадор во Грција, најавите за преотворање на Договорот од Преспа се предизборни манипулации

Првиот амбасадор на земјава во Грција, Љупчо Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали Договорот од Преспа е реверзибилен, со оглед на најавите на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која најави и уставна клаузула за заштита на името, Арсовски нагласи дека смета оти тоа се само предизборни манипулации.

– Многу е тешко еден процес да вратите назад. Освоената планина еднаш сте ја освоиле и Вие сте таму на планината. Кога ќе го освоите Монт Еверест, тоа никој не може да ви го оспори. Се работи за одлука на народот, ако некогаш народите одлучат нешто друго тоа е друга работа. Мислам дека е залудно и смешно квалитетни луѓе да презетнираат такви форми на популистичко приближување до народот дека ние повторно ќе го смениме името и ќе го вратите и ќе го поништиме. Тоа така не оди во меѓународните односи, појасни дипломатот.

На прашањето дали предзвик за новоформираниот „Совет на амбасадори“, ќе биде Турција, односно своевидно барање на листа на членови на ФЕТО, во замена за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од турска страна, Арсовски рече дека земјава се сочувала со вакви слични ситуации и со други соседи.

-Но одредени земји кога притискаат помала земја постојат и друг тип механизми и во НАТО и од другите држави, кои можат да ја притиснат дотичната земја, без разлика дали станува збор за Грција,  Турција, Бугарија…Се работи за односот за дигнитет на една земја и мешање во внатрешните работи на земјата, додаде амбасадорот Арсовски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога Турција ќе го ратификува Протоколот: Ќе стане ли Фето услов за НАТО?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христијаните го слават празникот Голема Богородица: Мајката на Христос со шамија го најавила Успението

Редакција

Силјановска Давкова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Односот на Бугарија кон Македонија е надвор од начелата на ЕУ

Редакција

Ковачевски од Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ

Редакција