еМагазин
Image default
Бизнис

За мене е злоупотреба, синџирите на маркети да имаат профит од 30% во ваква криза, вели Бектеши

По донесување на Одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат.

Очекуваме дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарниот инспекторат е на терен за да утврди дали трговците ја почитуваат Одлуката, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“.

„Владата годинава донесе две мерки за заштита на стандардот на населението – замрзнување на цените и замрзнување на маржите. Мерката за замрзнување на маржите траеше до крајот на мај“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека се очекуваше дека цените кај трговците ќе останат на исто ниво. Што не се случи, за што донесовме одлука повторно да ги замрзнеме профитните маржи со цел дам ги заштитиме граѓаните.

Не е етички да има маржа од 15% за одредени производи во време на ваква криза. Очекувавме дека според договорите со стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4% или 5%.

Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега Владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи, туку и на другите производи. За мене е злоупотреба, синџирите на маркети да имаат профит од 30% во ваква криза,“ кажа Бектеши.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мој ДДВ“: Дали има ограничување до која сума може да се скенираат фискалните сметки?

Редакција

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

Ѓорѓе Војновиќ реизбран за член на Управниот одбор на Триглав осигурување

Редакција