еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ

За политичките работи на Ромската заедница

Автор: Елвис Мемети, дипломиран политиколог

За да разбереме што се случува со политичката репрезентација на Ромите и спроведувањето на јавните политики пред се треба да го видиме актуелниот контекст на политичкото во нашата заедница. Правилото на игра во политика се сведува на контото на гласови кој X политичка
партија на Ромите ги носи на контото на коалицијата У, која понатаму ги диктира правилата на игра, која во зависност од тоа колку коалицијата е поблиску до 61 пратеник, така и се распределува колачот со сите соиграчи во политичкиот процес.

Во учеството на политичките партии – Ромите кои одат во коалиција постои една заблуда а тоа е кој колку гласови носи на контото на У партијата, која што аналитичките центри често пати го ставаат под знак прашање тврдењето на нашите политичари дека донеле 2.000, 5.000, или 10,000 гласови кои не се манифестираат во добивање на уште еден мандат/пратеник во политичката борба.

Прашањето кое релевантно се поставува – Кој колку тежи во Ромската политика?! е тешко да се одговори во однос на настапот по изборни единици, бидејќи единствено поголема концентрацијата на ромското гласачко тело имаме во втората изборната единица. Доколку се анализираат податоците, две клучни прашања во тековниот контекст се поставуваат:

1. Како да се подобри партиципацијата на Ромската заедницата на изборите, во услови кога разочараноста се манифестира со 60% апстиненција на изборите на кои веќе им е смачено од манипулации и лажни ветувања од коалиционите партнери

2. Дали политичката репрезентација во првиот или вториот ешалон на влада на ромските политички партии значи и поголема придобивка за заедницата или пак поголема придобивка на лидерите на партиите, и кој е интересот на заедницата – политичка репрезентација или јавни политики?!

Политичко застапување на ромската проблематика има и тоа засега е претставено само на ниво на законодавната власт преку народниот избраник, која што е за прв пат жена Ромка, граѓански активист и лице кое која што негува по принцип – социјалдемократски идеи (на страната на послабите).

Законските решенија кои се приоритетни и реформски треба да имаат исти или позитивни ефекти кај ромската заедница особено во сферите на домување, образование, вработување, здравство, социјална сигурност и заштита и култура.

Оваа жена треба да ги собере сите досегашни политичари од ромските политички партии и да побара од нив поддршка за овие клучни сфери на интервенција и тоа не само декларативна заложба него и принцип на отвореност за идеи и рационални критики.

Исто така оваа избрана претставничка треба да го зачува високо на агендата прашањето на Ромите во извршното тело на најголемата партија, која што доби мандат да формира Влада. Ние сакаме да веруваме дека во овие тешки времиња идејата за грижа за сите која може повеќе и подобро е практично возможна и во овој даден политички контекст.

Планот за политичко и административно преставување на Ромите во Владата на Република Северна Македонија беше најавено во рамките на кампањата предводена од коалицијата Можеме.

Имено за прв пат од 2006 година Ромите не се претставени во првиот ешалон на Владата затоа што еднократно сите Министри без ресори каде што и најчесто беа претставени помалите заедници се отидени во стечај.

Кој е нацрт планот (А) за новото политичко преставување на Ромите во мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија во текот на 2020 -2024 година. За да го разбереме одговорот можеби треба да се вратиме назад и да го погледнеме планот Б кој што беше актуелен во рамките на досегашното политичкото преставување на Ромите во претходните Влади?

Во 2008 година за прв пат беше номиниран Министер без ресор задолжен за политичка координација на Стратегијата на Ромите.

Политичко – административната институционална поставеност од тогаш до денес беше таква што институционална, а репрезентативност во јавната администрација почна со формирањето на Одделението за имплементација на Стратегијата на Ромите во МТСП, формирањето на Националното координативно тело, номинирањето на Министерот без ресор и формирањето на кабинетот на министерот без ресор, номинирањето на директор во Управата за јазиците при Министерството за образование и наука и после долго време поставување или унапредување на раководител на одделение во Министерство за здравство.

Ресорот на транспорт и врски како и култура остана и понатаму најслаба карика во однос на застапеност на Роми во процесите на планирање и имплементирање и затоа најчесто се вклучуваа останатите административни капацитети.

Со други зборови имаше Министер, имаше Директори и малку раководители и државни службеници Роми кои што има позиција да планираат, но не и вистински да имплементираат, бидејќи ресурсите, административната моќ и беше зависна. Тогаш можеби требаше уште пред старт на секоја кампања да се договори структура која што ќе планира и ќе имплементира буџет и која што ќе застапува исто време и мејнстрим политики за Роми.

Првата стратегија на Ромите е подготвена во рамките на Министерството за труд и социјална политика со учество на граѓанскиот сектор. Овој процес во 2009 година за прв пат овозможи одвојување на буџетски средства и донаторски средства пред се од РЕФ и тоа најпрво во рамките на буџетот ресорот за труд и социјална политика, потоа со добивањето на директорска позиција во Управата за јазиците… следи и буџет во образованието, транспорт и врски, здравство и култура.

Планот (А) за новото политичко преставување на Ромите во мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија 2020 -2024 година, нецелосно беше најавен и во рамките на самата предизборна кампања – Можеме со формирање на директорат/агенција/или структура која што компетентно ќе има моќ и ресурси за водство и решавање на приоритетите за ромската заедница во нашето заедничко општество.

За вршење на работите поврзани со спроведувањето на Стратегијата на Ромите треба да основа Тело кое треба да биде надлежно за спроведување на јавните политики за Роми.

Стратегијата на Ромите кое најверојатно според уредувањето на државата ќе биде во рамките на стручната служба на (Генералниот секретаријатот) на Владата на Република Северна Македонија.

Најавеното Тело треба да има поголема моќ – како политичка така и административна моќ не само за координација на работите, туку и имплементација на политики, програми, доколку целта е да се унапреди политичко – институционалната поставеност на Ромите кое работи во интерес на Ромската заедница.

Од аспект на поставеноста на Директоратот треба да раководи лице кој ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа.

Во согласност со ваквиот мандат, директоратот треба да обезбеди потребни човечки ресурси за реализирање на процесот на спроведувањето на Стратегијата на Ромите што во пракса би значело фокусирана структура која што директно е вклучено во имплементација на секторските политики во ресорните министерства во образование и наука, транспорт и врски, здравство, и култура, правда и други приоритетни области кои се во интерес на Ромската заедница.

Исто така, Директоратот треба да обезбеди политичка поддршка во процесот на планирање на потребните ресурси и буџети кои што се потребни за имплементација на одредени приоритети од сите ресори.

Овој директорат покрај тоа што треба има сопствен буџет за поддршка и имплементација на програми, треба исто така значително да придонесе и во процесот на планирање на буџет и во останатите министерства кој во оперативен план ќе значи и долгорочно планирање на процесите и ресурсите за решавање на клучните приоритети во рамките на четири годишен мандат.

На ниво на програмирање на Европските проекти и донаторската поддршка ова треба треба да вклучува и настојувања за зголемување и подобро планирање на процесот на спроведување на ЕУ проекти кои ќе одат во директна поддршка на заедницата.

И она што е најважно овој секретаријат треба да ја води мејнстрим улогата на застапување на проблемите на Ромите во сите останати ресори за Стратегијата на Ромите Планот А за една поинаква заложба за решавање на проблемите на ромската заедница во ова општество може да успее во рамки на една ваква институционална рамка која што нема да биде идеална но ќе се стреми кон подобро и повеќе.

На овој начин ќе се зголеми квалитетот легитимноста на политичката репрезентација на Ромите и ќе има директно учество во носење на одлуки во интерес на колективот и државата, а со тоа ќе се поврати довербата во институциите што би резултирало со поголема излезност на локалните избори следната година.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата си гази на програмата: Праведниот данок преку ноќ стана неправеден во корист на богатите

Редакција

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Редакција

Папата дојде откако се залетавме кон НАТО: Лицимерие на Ватикан или закрила на Западот?

Редакција