еМагазин
Image default
Македонија

За што ќе разговараат Заев и Мицотакис во Атина

Билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои во четврток, ќе разговараат премиерите на Грција и Северна Македонија, Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев на нивната средба во Атина, рече портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на редовниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Средбата Мицотакис- Заев ќе биде во рамките на учеството на претседателот на Владата на Северна Македонија на Делфи економскиот форум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе учествуваат Заев, Димитров и Нуредини: Почнува Делфи економскиот форум во Атина

-Да, планирана е средба на премиерот Кирјакос Мицотакис со господинот Заев во четврток. Темите се, очигледно, билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа, одговори Пелони.

Во однос на почетокот на туристичката сезона на 15 мај и дали тоа значи и отворање на копнените граници за државјаните од соседните земји, како што се Северна Македонија и Албанија, портпаролката на грчката Влада, на прашањето на МИА објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“

Редакција

Тачи: ИВЗ и Бујар Османи се одговорни за зголемениот број заразени

Редакција

Иванов на средбата со папата Франциск ги повика граѓаните на помирување и простување и сплотување за духовна обнова на Македонија

Редакција