За човечката жртва предизвикана со претекнување на полна лента на патот Кичево-Скопје на угорнината кон преминот Стража, Зоран Милески-Кичеец, кој е во затвор за случајот „Рекет“, ја признал вината и изразил каење, пренесува телевизијата Телма.
Поради тоа Обвинителството во Гостивар предложило 6 месеци затвор за Кичеец, а гостиварскиот суд ја прифатил таа казна.
Обвинителството посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента, објави телевизијата.
Несреќата се случи на 4. септември во време кога Кичеец имаше условен отпуст од струшкиот затвор за да лежи и одмара дома. Наместо тоа, Кичеец возел двајца Срби кои по несреќата, тешко повредени, си заминаа од Македонија.
Жртва на несреќата е 32-годишен жител на Гостивар и татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга
Укинат притворот на Зоран Милески – Кичеец, се враќа во затвор
Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“
Фото: МИА