еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За тие што ќе летуваат во Грција: Буквално се е покачено

Цените во Грција растат преку ноќ, а во тоа на лице место се увери екипата на еМагазин по посета на неколку градови.

Буквално ни една цена не е иста како мината сезона, од кашквал, зеленчук, леб, овошје во супермаркет до цена за сместување или кафе во кафуле.

Видлив раст на цените

Постковидот периодот кој донесе нова економска криза, високите цени на енергенсите, како и војната во Украина секаде, па и во Грција донесоа нови цени кои растат на дневна основа.

Грција моментално ја има највисоката цена на бензин (просек околу 2,2 евра за литар) во регионов и пошироко, а истото се случува и со цената на струјата.

Следствено на тоа, има раст на речиси сите производи, како и на картите за патување со воз, автобус и драстичен раст на билетите за патување со брод.

Растот на цените е видлив, па така на пример во Солун, ако мината година можеше да се купи кафе за носење за 1,5 евра, сега просечната минимална цена е 2 евра.

Во кафулињата покрај морето цената на кафе беше во просек 3,5 евра, сега е 5 евра.

Гирото лани во Солун се продаваше по просечна цена од 2,8 евра, сега е минимум 3,5 евра.

На прв поглед овие поскапувања поради бројките изгледаат минимални, но не ако цените ги претворите во денари, ќе сфатите дека 50 центи (просек – 30 денари) и не се толку малку.

Трговците кои пак сакаат да имаат минимално покачување прават „финти“, па така можете да најдете поевтино гиро, крепа или кафе за носење, но истите се помали.

Грците како што покажа неодамнешна анкета трошат се помалку, а листата на неопходни производи секојдневно се тенчи.

Во Солун, како и на други места расте бројот на дисконт супермаркети, а преку разни понуди супермаркетите се трудат да го зголемат или задржат бројот на потрушувачи.

Во туристичките места повисоки цени

Солун е туристичка дестинација, но ништо поразлични не се цените ни во малото гратче Драма, а уште повисоки се во класичните туристички места, како на пр. омилената дестинација за летување на Македонците, Халкидики.

Цените варираат зависно од атрактивноста на локацијата, но и од тоа дали истите се на копно или на островите, каде цените одсекогаш се највисоки.

Цената на сметувањето за оваа година, зависно од локацијата, е повиска во просек од 15-20%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинава поскапи цени за сместување во Грција, цените на пакет аранжманите остануваат исти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стретешки важно и за Македонија: Gastrade ја усвои конечната инвестициска одлука за изградба на самостоен систем за природен гас во Александрополис

Редакција

21 лица од новозаболените со Ковид-19 во Македонија патувале во странство

Редакција

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

Редакција