еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За три години, бројот на вработени во министерствата се зголемил за 540, а во општините за 154

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.

„Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку).

Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе).

Министерствата и Владата бележат зголемување на вработувањата по сите основи.

Сепак, бројот на привремено вработени луѓе во министерствата и Владата скокнал дури за 337 проценти за последните три години, односно од 62 на 271.

Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но намалување на бројот на ангажирани луѓе на договор на дело за 31 процент, односно 620 на 428 луѓе.

Инаку, од министерствата, најмногу вработени и ангажирани, односно 12.263 луѓе има во МВР, а од општините најмногу луѓе – 747 работат во Град Скопје,“ се вели во истражувањето.

Целта на ова истражување е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и владина делегацијa на Конференцијата за безбедност во Минхен

Редакција

Скопје, Тетово, Штип и Куманово во 4 фаза: Проценки за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

Поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски излегува од затвор, Врховен суд му ја укина казната

Редакција