еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Забавите на грчките острови легла на коронавирусот меѓу млaдите

По организирана забава на грчкиот остров Иос, потврдени се најмалку 14 позитивни случаи кај млади кои синоќа се вратиле во Атина и веднаш биле тестирани на атинското пристаниште Рафина.

Градоначалникот на Рафина, Евангелос Бурнус за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека од Атина за Иос заминала група од околу 30 лица, на островот се запознале со други друштва и заедно биле на голема забава, по што некои појавиле симптоми, не им било дозволено да патуваат и останале на Иос, а останатите, поголема група, се вратиле во Атина, но биле изолирани во бродот и тестирани по пристигнувањето.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас говорејќи исто така за „ЕРТ“ потврди дека од 81 направен тест на младите кои стигнале во Атина, биле регистрирани 14 позитивни случаи, а просечната возраст е 17 години.

Попладнево, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција се на атинското пристаниште Пиреас каде што вршат тестирања на патниците кои пристигнуваат од островите.

Пред неколку дена во Атина беа регистрирани околу 100 позитивни случаи на Ковид-19 кај тинејџери кои биле на забава во атински бич бар, а како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, Обвинителството наредило да се спроведе прелиминарна истрага за тоа дали на забавата имало прекршување на мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги заострува мерките на границите: Бидете подготвени на се почести тестирања по случаен избор

МИА/Фото: Photo by Luca Iaconelli on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Перо Антиќ во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк

Редакција

Колку акционери има Алкалоид

Редакција

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

Редакција