еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Добредојдени се пријатели кои сакаат да помогнат, но спорот со Бугарија е сепак билатерален

Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Стефан Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, дека ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски.

-Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Запаен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Северна Македонија.

Но, битно е да проодлжиме да работиме на изнаоѓање на решенијата. Сепак, ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу.

Тој повтори дека земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ.

-Што и да е, многу е. Испорачавме се, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири и за дипломатскиот и начинот на дијалог на решавање на проблемите.

Докажавме и одржавме европски лекции за цел континент и навистина заслужуваме. Секогаш ја испраќам и пораката за замолница до Бугарија за поддршка на Северна Македонија зашто лесно е да се стават непријатни состојби меѓу нашите народи, а не е така лесно да се градат пријателства и да се унапредуваата врските.

Важно е каква историја денеска испишуваме зашто таа ја отвара иднината за идните генерации, потенцира премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напредок е возможен само ако во дијалогот влегуваат двајца рамноправни соговорници: Средба Пендаровски-Радев во Рим

Бугарскиот претседател Радев не сака посредници за спорот меѓу Софија и Скопје

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помпео воодушевен од Охридското езеро: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 725

Редакција

Заев ја прифати понудата на Мицкоски за тет-а-тет средба, ќе се сретнат во понеделник

Редакција