еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Напредок е возможен само ако во дијалогот влегуваат двајца рамноправни соговорници: Средба Пендаровски-Радев во Рим

Европската иднина на Северна Македонија има перспектива. Двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, да ги решат работите заедно, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски е во Рим по повод чествувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Пендаровски и Радев во базиликата „Санта Марија Маџоре“ заедно оддадоа почит на Кирил и Методиј

Радев уште еднаш повтори дека во разговорите за надминување на проблемот нема потреба од европски посредници.

– Нема потреба европска земја да се вклучи, ќе ни треба преведувач. Зошто ни е преведувач?, рече Радев.

Тој нагласи дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји и на зближување на двата народа.

– Можам да ве уверам дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји, за развивање на економските, образовните, трговските и културните врски и за најважното, за зближување на двата народа, потенцира бугарскиот претседател.

Претседателот Пендаровски, пак, порача дека напредок и прогрес е возможен само ако во дијалог веруваат двајца рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит.

– Тоа што сме денеска заедно со Радев не е случајно. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, политичари кои може да зборуваат со европски јазик, за предизвиците, но и за иднината.

Во Радев најдов соговороник со кој можам да зборувам на ист јазик, европскиот, што може да донесе посветла иднина за нашите две земји, истакна Пендаровски.

Заедничкото чествување на Кирил и Методиј, шефот на македонската држава го нарече нова динамика во билатералните односи.

– Ова е една нова динамика во нашите билатерални односи која се надевам ќе биде продолжена, напомена Пендаровски.

Одговарајќи на прашање од бугарски новинар, Пендаровски рече дека го поддржува Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија од 2017 година, од збор до збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот претседател Радев не сака посредници за спорот меѓу Софија и Скопје

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на нафтата надмина 129 долари за барел, прв пат од 2008 година

Редакција

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Редакција

Вкупно 385 бремени жени заболеле од Ковид-19, починале 7

Редакција