еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ добитници на наградата за најдобра новинарска сторија „Жан Моне“

Сторијата „Од Вива ла Дива до победа во Стразбур, колку државата е отворена за транс права“, изготвена од новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петревска од Радио МОФ, е новинарска сторија која ја освои годинешната награда „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”.

На 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија беше избрана фотографијата на Арбнора Мехмети, објавена на „Мета.мк“, како дел од репортажата за условите на работење на Итната медицинска помош. Додека, најдобрата аматерска фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“ ја направи Виктор Поповски.

Наградата ја доделуваат Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Редакција

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на државниот секретар Азири, кој повика на физичко насилство

Редакција

Убава вест: Оздравени 194 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 77

Редакција