еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го кажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп.

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството.

Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите, рече премиерот Заев.

Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.

– Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецијанската комисија препорача да се преиспита Законот за употреба на јазиците

Твитер во „црвено“ по критиките на Венцијанската комисија за законот за јазици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот историчар Чуканов за спорот со Бугарија: „Нема шанси да бидеме браќа на сила“

Редакција

Груевски се јави за пресудата за „Организатори на 27“: Со тапани и свирчиња не се прави тероризам, каде се доказите

Редакција

Таравари: Нема што да бараме во Влада со ДУИ, како со криминалци да се бориш против криминалот

Редакција