еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев и Ангеловска одмараат во Брајчино

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Брајчино.

„На 230 км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино.

Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место на дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди буквално за секого.

Плажите на Преспанското езеро во Претор, Дупени, Крани, Сливница се на неколку километри, љубителите на планина со час-два пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките низ планините, за 5-6 часа планинарење може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2.218 м надморска височина… неколку автентични цркви со посебна душа.

За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев“, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев со сопругата Зорица на одмор во Љубојно: „Дома си е дома“ со богата трпеза и традиционална храна

Фото: Фејсбук/Ангеловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на загрозување, констатирано на Советот за безбедност

Редакција

Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик, велат од Друштво на писатели

Редакција

Нови 357 случаи на Ковид-19 од 3.121 тестирања

Редакција