еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Заев: Мицотакис често ме контактира за помош околу пандемијата, Грција испрати опрема од 2,65 милиони евра

Мицотакис често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата, откри премиерот Зоран Заев говорејќи на Делфи економскиот форум во Атина, објаснувајќи дека законските аспекти на Фајзер биле пречка, Грција да понуди помош со вакцини, но и додаде дека за Северна Македонија, лани од јужниот сосед стигнала опрема вредна над два и пол милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со премиерот Мицотакис изградивме многу позитивни односи, многу позитивна соработка. Морам да споделам со грчките граѓани дека тој многу често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата.

Бидејќи земјите членки на Европската Унија, немаат повеќе вакцини, но имаат порано од нас. Понуди многу можности, но законските аспекти од договорот со Фајзер беа проблематични.

Но, Грција, сподели 2.650.000 евра опрема, различен вид на опрема за време на драматичните месеци минатата година, кога бевме под притисок, откри претседателот на Владата на Северна Македонија, додавајќи дека „ние сме земја во развој, тогаш ни беше потребна помош, а Грција беше прва што ни излезе во пресрет“.

Говорејќи за односите со актуелниот грчки премиер, Заев рече дека сега, кога Договорот од Преспа е завршен, фокусот е на соработката, особено во економијата и енергетиката.

Рече дека е финализирана целата документација и основниот дизајн за изградба на интерконекторот меѓу двете земји, а со „Хеленик петролеум“ се разговара за почеток на работата на нафтоводот што ќе ги поврзе Скопје и Солун.

Во 16 часот по локално време, премиерот Заев ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, а за разлика од претходната нивна средба во Атина во септември мината година, кога беа на работен ручек, овој пат, Мицотакис ќе го прими Заев во неговиот кабинет, во премиерската палата.

Во дијалог со уредникот на „Катимерини“, Атанасиос Елис, премиерот Заев, на шестиот Делфи економски форум, говореше за Договорот од Преспа, соработката со Грција, за односите со актуелниот грчки премиер, но и со поранешниот премиер, за нашето членство во НАТО, но и за бугарската блокада на нашиот пат кон Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

(Фото) Заев во Атина се сретна со поранешниот британски премиер Тони Блер

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од нарачани 400.000 пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши со „Северна“

Редакција

Во Охридската болница почина едногодишно бебе

Редакција

„Прво беше милијардата на Циле, па 8 милијарди инвестициски циклус на Грујо, сега 5 милијарди на министерот и премиер Заев…„: Твитер реакции

Редакција