еМагазин
Image default
Македонија

Заев од Атина: Не ни можам да ви објаснам што е проблемот со Бугарија, бидејќи е смешен, непостоечки проблем

Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер. Грција е многу гласна на Европскиот совет преку премиерот Мицотакис, преку министерот Дендиас, тие се многу фокусирани и лидери на процесот за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев за време на неговото учество на шестиот Делфи економски форум во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Во дијалог со уредникот на „Катимерини“, Атанасиос Елис, премиерот Заев говореше за Договорот од Преспа, за соработката со Грција, за односите со актуелниот грчки премиер, откри дека Мицотакис барал начини да ѝ помогне на Северна Македонија во справувањето со пандемијата, говореше за врските со лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер, за нашето членство во НАТО, но и за бугарската блокада на нашиот пат кон Унијата.

Изрази оптимизам за разговорите со Софија, објасни дека процесот е малку забавен поради изборите во Бугарија, но и истакна дека станува збор за смешен проблем, кој дури не може ни да го објасни.

-Ние продолжуваме да разговараме со нив, ние сме пријатели со сите. Бугарија го измисли ова прашање. Дури, не ни можам да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, непостоечки проблем.

Ни треба да најдеме решение, бидејќи тоа е добивка и за Бугарите и за Македонците од Северна Македонија и само придобивки би донело на сите, истакна премиерот.

Објасни дека нашата земја „од минатата година, од 20 март има одлука со консензус од сите 27 земји-членки дека 100 отсто го исполнивме процесот на реформи и сме подготвиме за почеток“, но и додаде дека Бугарија, ако сака има можност да нѐ блокира за време на отворањето на поглавјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Мицотакис често ме контактира за помош околу пандемијата, Грција испрати опрема од 2,65 милиони евра

(Фото) Заев во Атина се сретна со поранешниот британски премиер Тони Блер

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта крати 140 милиони денари од студентите, велат од Левица

Редакција

Во Кавадарци, Охрид и Гевгелија има најголем процент на вакцинирани граѓани, во Кичево најмалку

Редакција

Уште еден случај со потврден делта сој на вирусот во Велес, за уште четворица се чекаат резултати

Редакција