еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател прифатлив за мнозинството граѓани

Посакувам да имаме консензуален кандидат за претседател, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Досега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот – рече Заев.

Посочи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.

Премиерот очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

-Ќе се обидеме да го изнајдеме најдобриот, или најдобрата. Ќе се потрудиме да најдеме кандидат што максимално ќе биде прифатлив за сите граѓани – додаде Заев.

Тој не искоментира дали имињата кои кружат во јавноста како Радмила Шекеринска, Никола Димкитров, Бујар Османи се во игра за можни кандидати.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не сака да биде претседател

Џафери може да стане претседател на Македонија: Ако нема цензус на претседателски избори, можни нови уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 163 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Струмица и Куманово

Редакција

Бесир Беља и Скендер Демири осудени по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски

Редакција

Советот за безбедност одлучи да има уште 30 дена вонредна состојба

Редакција