еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Заев: Примопредавањето на вакцините огромна солидарност и искрен чин на пријателство

Премиерот Зоран Заев примопредавањето на вакцините го оцени како чин на огромна солидарност, пријателство и прва помош од братскиот српски народ кон македонскиот народ и искрен чин на пријателство.

-Иницијативата е на претседателот Вучиќ со кој редовно имаме комуникација и сакам да му се заблагодарам и на него и на премиерката Брнабиќ и на сите луѓе кои работеа сите овие денови.

Веројатно првпат се случува да се добие една ваква согласност од „Фајзер“ која веројатно ќе значи многу помош насекаде во светот преку вакви акти на солидарност, рече Заев.

Ова, додаде, е првата пратка, а овие денови ќе стигнат и останатите вакцини.

-Многу е важно што првите вакцини во нашата земја стигнаа токму од братска и пријателска Србија и што ќе ги покријат сите здравствени работници – лекари, медицински сестри и сите што работа во ковид центрите ширум земјава, потенцира премиерот.

Нагласи дека границите со Србија се отворени поради иницијативата што постои во Западен Балкан за зголемување и унапредување на регионалната соработка што некои ја викаат „мини шенген“.

-Како и да ја викаат тоа е израз на пријателство и соработка. На 24 февруари со претседателот Вучиќ и премиерот Еди Рама ќе потпишеме договори и меморадуми во повеќе области за меѓусебно помагање. Нашата соработка расте, а тоа треба да го знаат и македонскиот и српскиот народ затоа што работиме за да биде подобро за двата народи, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ-Заев: Ние можеме едни на други да си помогнеме

Вучиќ објасни зошто доцнеа вакцините од Србија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се воведува единствена работна дозвола помеѓу Македонија, Србија и Албанија, потпишани неколку договори на „Отворен Балкан“

Редакција

Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински

Редакција

Благодарност од Грчкиот секретаријат за цивилна заштита до земјите за помошта, меѓу нив и Македонија

Редакција