Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор помеѓу двете страни кои што разговараа. Логично разговорите ќе продолжат следните денови, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети, што се одржа попладнето во Собранието, како дел од разговорите за формирање парламентарно мнозинство.
Тој очекува неделава да биде доделен мандатот за формирање Влада и потенцира дека таа треба да се формира и да носи решенија како одговор на предизвиците. Нови избори, како што вели, не се решение затоа што ќе се повтореле резултатите. На денешните разговори со Ахмети имале напредок во аргументацијата на ставовите на двете партии.
– Роковите веќе течат за доделување на мандатот. Според претседателот на Собранието тој мисли дека прво треба да се избере претседател на Собрание, па после течат роковите. Но штом претседателот на државата мисли дека течат роковите тоа значи, дека оваа недела го очекуваме и мандатот да биде доделен.
Денеска имаме напредок во делокругот на аргументацијата за ставовите за двете партии. Разговаравме за големите успеси кои што се постигнати, но и одговорноста која што ја имаме после овие успеси,“ рече Заев.
Заев верува дека нема да се губи многу време во распределбата на ресорите, посочувајќи на потребата од брзи решенија на Владата за справување со сите актуелни предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата
Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат
МИА/Фото: СДСМ