еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев сака да најде решение со Бугарија, но не е јасно во што е проблемот

Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство.

„Дадени се и појаснувања дека долгото и краткото име на државата се едно и исто – државата Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии, дека немаме намера, ниту според Уставот имаме право да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија или на која било од соседните земји, вклучително и малцинските права, дека ќе се спречува говорот на омраза.

Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо и тоа е доказ за голема доверба кон нашите соседи. Согласен сум ако треба уште еднаш да ги дефинираме работите коишто се напишани во Договорот, а тоа е немешање во внатрешните работи вклучително и малцинските права затоа што тие се решаваат на меѓународно ниво пред Судот за човекови права.

Реално, подготвен сум иако имам критики во домашната јавност, на спомен-плочите каде што пишува бугарски фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор.

Во духот на пријателството треба да внимаваме и како што Полска и Германија го решија проблемот или како што тоа го направија Германија и Франција, да гледаме низ призмата на пријателството,“ истакна Заев.

Најави дека ќе продолжат напорите да се најде решение со Бугарија, но како што наведе, со или без блокади земјава ќе продолжи со европеизација и вградување на европските вредности.

„Треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, како што ме охрабрија неколку земји од ЕУ. Ние друга алтернатива немаме, сакаме да вградиме европски вредности дома и да си ја европеизираме државата. Тоа е нашата иднина и верувам дека за тоа ќе помогнат сите соседи, ќе помогне соседна Бугарија,“ додаде Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Редакција

Министерот Фазлиу не ги бендисува мензите по институциите, повеќе си претпочита ресторани

Редакција

И Словачка го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина

Редакција