Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ.
„Секако, време е да одржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба“, нагласи Заев.
МИА/Фото:Фејсбук/Зоран Заев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романско сценарио за СЈО: Ќе ја снајде ли Катица судбината на Ковеши?
Твитер „зовре“ за СЈО: „Милион разговори, еден осуден и тој побегна“