еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина велосипедист во Гостивар удрен од камион мешалка

Едно лице почина во вчерашната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар.

Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од М.К.(56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се изврши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествуваше и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Редакција

Проф. Трајковски: Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од вирусот ги имале

Редакција

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Доаѓам во Македонија, ја видов поканата на Заев, Охрид мора да го видам

Редакција