еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Закажаната седница за гласање недоверба на Владата, во фокус на грчките медиуми

Медиумите во Грција, во изминатите денови активно ги следат случувањата во Северна Македонија, почнувајќи од најавената оставка на Зоран Заев минатата седмица, до вчерашното доставено барање од опозицијата и закажаната седница за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен информативните портали и онлајн изданијата на грчките медиуми, внатрешно – политичките случувања кај нас, се дел и од вестите на телевизиите.

Новинарите во Грција, акцентот го ставаат на ставовите на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ за Договорот од Преспа, распоредот на силите во Собранието во пресрет на гласањето во четврток, но коментираат дека земјата може да падне во политичка криза.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, новинарите детално информираа, за поднесеното барање за гласање недоверба на Владата, што тоа значи, но ги пренесуваат ставовите како на Мицкоски, така и на Заев.

Државната телевизија ЕРТ коментира дека во четврток се очекува клучната разврска за Владата на Заев, додека пак телевизијата „Скај“ пренесува детално кои партии го потпишуваат барањето за недоверба на Владата, и додава дека „според политичките аналитичари станува збор за привремена соработка со цел да падне Заев, истакнувајќи дека албанските партии нема да прифатат коалиција со Левица која има анти албански профил“.

-Во период на политичка нестабилност влегува Северна Македонија, опозицијата доставува предлог за гласање недоверба на Владата, кусо откако истече рокот што му го даде на Зоран Заев да си поднесе оставка, објави „Скај“.

Новинарот од телевизијата „Опен“ коменитраше дека ако Заев не го задржи мнозинството, а опозициската ВМРО не успее да формира Влада и да добие доверба, тогаш земјата ќе оди на предвремени избори.

-Целта на Заев сега, веројатно е да ги разбуди албанските пратеници, да ги активира нивните рефлекси и да ги спречи да учествуваат во Влада со ВМРО, но во главно со левичарската и анти албанска партија Левица, која се смета за партија во новата парламентарна формација, објасни новинарот од телевизијата „Опен“.

Телевизијата Мега, го пренесува ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу Договорот од Преспа.

-Рече дека од една страна никогаш нема да ја користи одредницата Северна, што значи дека континуирано ќе говори за Македонија, а од друга страна дека не може, а да не го почитува Договорот од Преспа, кој во иднина би сакал да го коригира заедно со партнерите во Европа, објасни новинарот од „Мега“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебар и Скопје во 4 фаза: Какви се проценките за ширење на коронавирусот во Македонија

Редакција

Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија, вели Гарванлиев

Редакција

Засега нема прекин на штрајкот: Попладне можна средба на СОНК со Владата за конечена одлука дали децата од утре ќе почнат со училиште

Редакција