еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите, вели Ковачевски

Заклучоците што денеска ги изгласа Собранието ќе бидат основа за преговорите и евроинтеграциските процеси, најави премиерот Димитар Ковачевски.

На прес-конференцијата во Владата, Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека целта на заклучоците е заштита на македонскиот јазик и идентитет.

– И не само оваа Влада, туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ, кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ, ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието.

Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик, нагласи Ковачевски.

Истото, како што посочи, се однесува и на мултилатералните документи коишто Македонија ќе треба да ги потпишува, а првиот е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи ќе ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието, а јавноста за Протоколот

Владата го одобри „францускиот предлог“, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР демантира дека имало киднапер кај средното музичко училиште во Скопје

Редакција

Вархеји: Работиме на тоа Македонија да успее во јуни и мораме да успееме

Редакција

Со изведување на материјални докази од одбраната продолжи судењето за „Плацеви на Водно“

Редакција