еМагазин
Image default
Македонија

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, тврди Ковачевски

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието.

Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата.

Во однос на заверените изјави на нотар на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат промена на Уставот, Ковачевски рече дека оваа партија треба да објасни зошто се против внесувањето во Уставот на граѓаните на Македонија кои јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, како Еѓипќани.

– Зошто би имале тие против и доколку делови од израелскиот народ, односно Евреите во Македонија бидат дел од преамбулата на нашиот Устав, тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние сме граѓанска држава.

Не може ако некој решил себе си да се изолира и да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги изолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира. Тоа е неприфатливо, ретроградно и тоа треба да биде надминато, нагласи Ковачевски.

Според Ковачевски пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието.

– Јас и граѓаните се надевавме дека ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе биде партија што ќе се реформира, но гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што го имавме под водство на нивниот претходен претседател. Во тоа време, нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави.

Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

(Видео) Заклучоците за „францускиот предлог“ изгласани во Собранието: 68 гласа од СДСМ и сите партии на Албанците

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 168 случаи на Ковид-19 од 1.478 тестирања

Редакција

Џафери ја предводи државно – црковната делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Редакција

Највисок морталитет од корона вирусот во Струга, Тетово, Куманово и Скопје

Редакција