еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Законот за амнестија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка

Владата го испратила Законот за амнестија до Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Законот е предложен да се носи по скратена постапка, а тој веќе е доставен до пратениците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека предлог-законот за амнестија не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции.

За законот, како што кажа, има различни мислења од кои дел се водат од хумани, а дел од рационални причини.

„Ист вакво закон се донесе во 2018 година и тогаш сите го поддржаа. Сега предложениот закон е дури и порестриктивен. Бројот на места во затворите е околу 2.113 колку што во моментов има лица во затворите.

На издржување на казна чекаат уште 2.200 лица, што значи дека во моментов се потребни 4.000 места за да се сместат сите кои чекаат за издржување на казна, рече Ковачевски и додаде дека најголемиот центар за сместување во државата со сите хотелски места има токму капацитет од 4.000 места,“ изјави Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Законот за амнестија се носи по скратена постапка ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На слобода сите затвореници осудени до шест месеци затвор: Нов Закон за амнестија

Редакција

Унгарија го одби барањето на Украина за оружје и санкции за руските енергенси

Редакција

Темелко изгуби, Пали Колефски е нов градоначалник на Пустец

Редакција