еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На слобода сите затвореници осудени до шест месеци затвор: Нов Закон за амнестија

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада, соопштија денеска од Министерството за правда.

Предлог законот бил доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собранието, кои треба да дадат свои забелешки и сугестии.

– Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што  состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи, како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, се појаснува во соопштението.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната.

Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

– Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , „Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово базирано насилство, потенцираат од Министерството за правда.

Амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.

– Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година. Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија.

Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон, наведуваат од Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира новиот Законот за амнестија кој го подготви власта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Почина 20-годишниот Марко Божиновски, младински ракометен репрезентативец

Редакција

Mасовните тестирања во Вухан укажуваат на сериозна загриженост од втор бран со Ковид-19

Редакција

„Завидлизам„

Петре Димитров