еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира новиот Законот за амнестија кој го подготви власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали имаат комуникација со власта за новиот Закон за амнестија, повтори дека уште пред неколку месеци прекинале било каква официјална или неофицијална комуникација со Владата и оти партијата преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На слобода сите затвореници осудени до шест месеци затвор: Нов Закон за амнестија

-Ќе ве молам внимателно да ги следите изјавите од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ кажа уште пред неколку месеци дека ја прекинува комуникацијата, изјави Мицкоски запрашан дали власта има некаква формална или неформална комуникација за новиот Закон за амнестија.

Мицкоски додаде дека ниту има некаква официјална, или неофицијална, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација власта, ниту пак, како што кажа, „има било каква точка или запирка додадена вредност во текстот на тој закон кој што е предложен“.

-Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно.

За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција

МВР за сопружниците од Табановце: Жената починала од повреди од остар предмет, нејзиниот сопруг имал прострелна рана

Редакција

Бруто надворешниот долг на Македонија 9.977 милиони евра

Редакција