Замрзна дел од крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на „Женска плажа“ во Струга. Ниските температури кои ноќе достигнуваат и до минус 16 степени целзиусови доведоа до мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид.
Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“.
Повозрасните стружани велат дека ваквата појава била честа порано, односно се случувало мразот да достигне дебелина и од неколку сантиметри. Но, велат тие, последните години климата е променета и во зима нема толку ниски температури како некогаш.
Стружани се сеќаваат на поголем мраз на езерото пред 10-тина години.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.