еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Западот мора да се подготви за војна, вели британски генерал

По вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која нагласи дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа, генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“.

– Таквиот пристап треба да биде проследен со значајни ресурси и тоа да се направи преку целиот сојуз, како целина, изјави Ширеф за „Радио 4“ на сервисот на Би-Би-Си.

Поранешниот воен командант предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да реагира агресивно, но смета дека ескалацијата е потребна за да се демонстрира сериозноста на Западот.

– Најлошото што може да се случи е војна со Русија, но подготовките за најлошото сценарио веројатно би можеле да го одвратат Путин, бидејќи на крајот на краиштата тој почитува само сила, изјави Ширеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната од Украина: Анализа на Гардијан

Имаме алатки кои никој ги нема: Путин вети „молскавичен одговор“ на каква било надворешна интервенција во војната во Украина

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупредуваат од Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст

Редакција

Еден починат, неколкумина повредени во две одделни сообраќајки во Куманово

Редакција

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Редакција