еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Запленет автобус со фалсификат документација за регистрација и број на шасија, движел од Скопје кон Истанбул

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции вчера околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.

Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување, соопшти МВР.

Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка оствари добивка од 30 милиони евра за девет месеци

Редакција

На Максим Димитриевски ќе му се суди две дена пред стартот на изборната кампања

Редакција

Депонијата „Дрисла“ доби нов концесионер

Редакција