еМагазин
Image default
Бизнис

Од денеска започна исплатата на октомвриските пензии, еве го распоредот

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 година (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник).

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда).

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година (четврток).

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 октомври (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на УЈП за привремени вработувања вреден 406.000 евра

Редакција

Просечна нето плата во март 44.763 денари

Редакција

Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини против Ковид-19

Редакција